Urban Riggers, старт – ап за домување основан во 2013 година, креираше комплекс од пловни домови за студенти, пишува Business Insider.
Месечната цена за изнајмување изнесува 600 долари. Домовите се подвижни и направени од контејнери за бродски транспорт и имаат доволно простор за солидно живеење на еден млад човек. Секоја просторија вклучува спална соба, бања и кујна коишто нудат целосна приватност. Исто така, има и заеднички простории, двор, место за кајак, платформа за капење, место за скара и тераса на покривот.
Светски познатиот архитект Бјарк Ингелс стои зад дизајнот на градбите, а првата којашто се состои од 12 домови е веќе пуштена во употреба во Копенхаген. Комплексот ја користи сончевата енергија, а за ладење и греење водата што го обиколува. Секоја единица се состои од шест контејнери наредени во форма на триаголник.
Следен чекор на Urban Riggers е да се донесат овие домови во Шведска.
Фото Urban Riggers.