Дебарски бањи Цапа со загуба од 9,2 милиони денари во првото тримесечје

27

debarski-banji-capa

Дебарски бањи Цапа, од први јануари до 31-ви март 2017 година, оствари вкупна сеопфатна загуба од 9.240.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје лани, компанијата евидентираше загуба во висина од 10.875.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2017 година достигнаа 16.003.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 9.231.000 денари.

Основна дејност на Дебарски бањи Цапа е специјалистичка медицинска пракса.