Дефицитот догодина ќе се преполови, во 2025 ќе се сведе на 2,1% од БДП

36

Од следната година буџетскиот дефицит ќе се намалува, за да до 2025 година се сведе на 2,1% или под Мастришкиот критериум. Предвидена е консолидација на буџетскиот дефицит, но приоритет е да се реализираат политиките на владата за заштита на здравјето на граѓаните и на заштита на економијата, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на дебатата на МТВ за Буџетот 2021, на која учествуваат и претседателот на Владата Зоран Заев и економски експерти.

“Имаме неколку цели кои се ургентни – едната е здравјето на граѓаните, понатаму економијата да се одржи и третото е сите други процеси кои се важни вклучително на евроинтеграциските процеси и водење на правото, потоа инвестирањето во човечки ресурси кои ќе бидат двигатели на долгорочниот раст“, рече Бесими.

Министерот за финансии посочи дека фискалната консолидација ќе се изврши преку дејствување и приходната и на расходната страна. Од аспект на подобрувањето на наплатата на приходите во буџетот Бесими ги посочи мерките за намалување на сивата економија, за спречување и сузбивање на корупцијата, понатаму зајакнати инспекциски контроли од страна на Управата за јавни приходи, мерки за наплата на даночниот долг од страна на поединци и трговски друштва и стратегија за даночна политика која ќе ја зголеми ефикасноста и ефективноста на даночниот систем

Во однос на намалувањето и реструктуирањето на расходите Бесими посочи дека ќе се спроведе преку кратење на неприоритетните и несуштинските трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор, иновациите и зајакнувањето на конкурентноста, како Гарантниот фонд и фондот за мобилизација на приватен капитал, рационализација и ревидирање на трансферите и субвенциите (социјалните, секторските и локалната власт), зголемување на ефикасноста на реализација на капиталните расходи и анализа на буџетската структура.

Фото: Pixabay