Дел од добивката на Охридска банка останува нераспределена, остатокот во резервен фонд

22

Ohridska-banka

Дел од нето добивката остварена по Годишната сметка на Охридска банка за 2014 година ќе остане нераспределена, а остатокот ќе оди во резервен фонд, стои во предлог Одлуката за употреба и распределување на остварената добивка објавена на Македонска берза.

Нето добивката во износ од 232.246.783 денари, како што се наведува, се распоредува за резервен фонд: 11.612.339 денари, додека како нераспределена добивка остануваат 220.634.444 денари.

“Дел од нето добивката во износ од 220.634.444 денари што останува како задржана нераспределена добивка нема да биде расположлив за исплата на дивиденда и нема да биде оптоварен со какви било идни обврски“, стои во предлог одлуката.

Средствата наменети за дел од плата и награда на вработените и менаџментот и членовите на органите на Охридска банка по основ на деловна успешност, кои во Годишната сметка за 2014 година се вкалкулирани како трошок во износ од 31.384.659 денари се распоредуваат: дел за награди на членови на Надзорниот одбор; дел за награди на членовите на Одборот за ревизија и дел за плата по основ на деловна успешност за менаџментот и вработените што се исплатува.