Дел од хотелите во Словенија остануваат под клуч

21

Иако туристичките компании во Словенија може да ги отворат своите сместувачки капацитети во текот на следните недели, некои од нив засега не ја разгледуваат таа можност.

Како главна причина за таквата одлука, како што пренесуваат словенечките медиуми, е ограничувањето во послужување на храна, а на многу места е премногу студено за да се користат терасите. Освен тоа, истакнуваат и дека имаат недостиг од резервации и работат нерентабилно.

“Пролетта е практично изгубена. Летово ќе има туристички ваучери, но се чини дека луѓето ќе ги користат помалку од лани, бидејќи има многу кои не можат да си дозволат, а од друга страна има и такви кои не сакаат да летуваат во Словенија“, вели Анжето Чокл, прв човек на Еко хотел, кој исто така го води и хотелот Sunrose со 17 соби.

Фото: Pexels