Дел од ланската добивка на Европа за дивиденда и за награда на членовите на одборот на директори

50

Собранието на акционери на Европа, одржано на 11-ти овој месец, донесе одлука за распределба на добивката.

“Нето добивката од 2020 година во износ од 80.758.967 денари се распоредува за: распределена добивка за дивиденда – 13.802.040 денари, награда за членови на одбор на директори – 13.214.692 денари и нераспределена добивка – 53.742.235 денари“, стои во одлуката.

Согласно одлуката за определување на износ и датуми за исплата на дивиденда, таа во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е први јуни, прв ден на тргување без право на дивиденда е втори јуни, додека датумот на евиденција според којшто се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е трети јуни.

Фото: Facebook