Дел од ланската добивка на Охридска банка останува нераспределена, остатокот за дивиденда

21

ohridska banka

Охридска банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка од годишната сметка за 2015 година.

“Нето добивката остварена по годишна сметка на Охридска банка за 2015 година, во износ од  399.415.651 денари се распоредува за: 359.504.325 денари како нераспределена добивка и 39.911.326 денари за дивиденда за исплата“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 91 денар. Датум на пресек на акционерската, според којшто се определува правото на дивиденда за 2015 година, е 27.05.2016 година. Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 23.05.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 25.05.2016 година, додека исплатата на дивидендата ќе започне на 10.06.2016 година.

Делот од нето добивката во износ до 359.504.325 денари што останува како задржана нераспределена добивка нема да биде расположлив за исплата на дивиденда и нема да биде оптоварен со какви било идни обврски.

“Средствата наменети за дел од плата и награда на вработените, менаџментот и на членовите на органите на Банката по основ на работна и деловна успешност, кои во Годишната сметка за 2015, согласно МСС 19, се вкалкулирани како трошок во износ од 33.767.630 денари, се распоредуваат на следниот начин: дел за награди на членовите на Надзорниот одбор што се исплатува; дел за награди на членовите на Одборот за ревизија што се исплатува и дел за плата по основ на работна и деловна успешност за менаџментот и вработените што се исплатува“, стои во предлог одлуката на банката.