Дел од населба Лисиче и село Бардовци утре без струја

28

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во скопската населба Лисиче и селото Бардовци, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во период од осум до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улица Ѓорѓи Капчев во населбата Лисиче, во општина Аеродром.

Од 14:30 до 17 часот, без струја ќе останат корисниците од дел од селото Бардовци, поточно на влезот од селото кај игралиштето.

Прекините на струја се поради реализација на зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.