Демант на FXLider на реакцијата на НБРМ

20

FXLider-logo

FXLider со демант на реакцијата на Народна банка на Република Македонија.

“FXLider е филијала на Fortrade LTD, овластен и регулиран брокер во Велика Британија. FXLider е под надзор на Financial Conduct Authority (FCA), со број на лиценца/дозвола 609970. Македонските граѓани инвестираат во финансиски инструменти на меѓународниот финансиски пазар, преку Fortra de како брокер со дозвола и под надзор на FCA- Велика Британија“, стои во демантот.

FXLider, како што се наведува, ги обезбедува услугите за поддршка на македонските граѓани веќе неколку години, врз основа на јасното легално мислење и одредбата на Законот.

“Ве молиме, имајте во вид дека согласно со одредбите од став 1,2 и 3 на членот 14 во Законот за девизно тргување, овозможено е: резидентите може да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство, само преку овластен учесник на пазарот на хартии од вредност (во понатамошниот текст: овластен учесник), или преку овластен учесник на странската берза или организиран пазар на хартии од вредност. Овластениот учесник е должен редовно да доставува извештаи до Народната Банка на Република Македонија за сите вложувања на резидентите во хартии од вредност во странство, како и за модификациите на овие вложувања, вклучувајќи ја и нивната продажба. Ако резидентот е претплатник, плаќа или тргува со хартии од вредност во странство, преку овластен учесник на пазарот од хартии на вредност или организиран пазар на хартии од вредност, од него се бара да го достави извештајот од ставот 2 на овој член до Народната Банка на Република Македонија”, стои во демантот.

“Веруваме дека Народната Банка на Република Македонија го пропушила фактот дека клиентите на FXLider тргуваат со брокер со лиценца/дозвола во ЕУ, која целосно е согласна со Одредбата во ставот 1, на член 14“, пишува во продолжение на демантот.

Оттаму велат дека ја поддржуваат Народната Банка на Република Македонија да продолжи со своите напори за спречување на нелегалното тргување со нерегуларни брокери, но тоа овој пат не е таков случај.