Дестинации трпат огромни штети поради неодговорни туристи

62

Туризмот, освен што носи бројни придобивки за земјата домаќин, може да биде и погубен за природните убавини и реткости што ги има таа дестинација.

Според World Atlas, овие туристички дестинации трпат огромни штети поради неодговорни туристи.

Мачи Пикчу, Перу

Мачу Пикчу е дел од светското културно наследство на УНЕСКО во Перу. Станува збор за тврдина изградена во 15-от век. Секоја година е магнет за милиони туристи, а е посебно интересна бидејќи е остаток од древната цивилизација на Инките. Властите во Перу во 2017-та година донесоа одлука за рестрикција на бројот на туристи, на само 2.500 лица дневно. Се верува дека преголемиот број на посетители можат да предизвикаат свлечишта на земјиштето на тврдината.

Колосеумот во Рим

Амфитеатарот во Рим е импозантен сам по себе. Уникатен е по неговата овална форма и големина, што собирала 50.000 гледачи. Голем дел од градбата е уништен од крадци на камења и земјотреси. Важи за едно од седумте светски чуда, а во 2018-та година го посетиле околу 7,4 милиони туристи. Обезбедувањето на амфитеатарот мака мачи со туристи од целиот свет кои штом го посетат Колосеумот со себе сакаат да понесат парче од самата градба.

Кинескиот ѕид

Ѕидот е долг над 8.850 километри, но се верува дека ѕидот со текот на годините е намален за скоро две третини, поради уништување. Како причина за тоа се наведуваат милионите туристи кои секоја година го посетуваат зданието. Сочуван е и обновен е само мал дел од ѕидот на северот на Пекинг во близина на туристичките центри.

Пирамидите во Египет

Пирамидата во Гиза е, исто така, едно од седумте светски чуда. Изградена е околу 2560-та година пред нашата ера. Го држела рекордот како највисока градба скоро 3.800 години. Во периодот од јануари до септември 2017-та година, Египет го посетиле околу 5,9 милиони туристи, што е значително повеќе во однос на 3,8 милиони во 2016-та година. Масовниот туризам во земјата му нанесе огромна штета на ова здание.

Фото: Pexels