Deutsche Bank и Google договорија 10 годишно партнерство

47

Deutsche Bank соопшти дека договорила 10-годишно стратешко партнерство со Google со цел да ѝ се овозможи на германската банка пристап до облак услугите и да започне иновации во технолошки – финансиски производи за клиенти.

Договорот е дел од инвестицијата во технологија од 13 милијарди евра, којашто Deutsche Bank планираше да ја спроведе до 2022 година.

Google и Deutsche Bank потпишаа писмо за намери и планираат да потпишат повеќегодишен договор во наредните неколку месеци, соопшти банката.

Извор запознаен со темата за Reuters изјави дека Deutsche Bank очекува ова партнерство да создаде повеќе од милијарда евра (1,13 милијарди долари) во акумулираната заработка во наредните 10 години.

“Партнерството со Google Cloud ќе биде важен двигател на нашата стратешка трансформација“, изјави извршниот директор на Deutsche Bank, Кристијан Севинг.

Фото: Pixabay