Deutsche Bank: Работата од дома треба дополнително да се оданочи

41

Економистите во Deutsche Bank предлагаат данок од 5% за платите на работниците кои ќе решат да работат од дома. Даноците би ги плаќале работодавците, а остварениот приход би се исплаќал на луѓе кои не можат да ја вршат работата од дома.

Тие ја оправдуваат мерката посочувајќи дека што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа.

“Со години ни требаше данок за работниците кои работат на далечина. Ковид го направи тоа очигледно“, рече стратегот на Deutsche Bank , Лук Темплмен.

Од појавата на пандемијата на коронавирус, милиони луѓе се префрлија на работа од дома. Многу компании соопштија дека и по пандемијата ќе овозможат опција за работа од дома.

Фото: