Deutsche bank сака да ги прекине сите деловни врски со Доналд Трамп

84

Deutsche bank се обидува да се извлече од кредитните аранжмани со Доналд Трамп, потврдија за Ројтерс добро упатени извори од банката.

Станува збор за 340 милиони долари, колку што е износот на трите преостанати кредити кои беа одобрени на The Trump Organization, со која сега управуваат двајцата синови на Трамп.

Кредитите доспеваат во 2023 и 2024 година, и иако нема стравување дека Трамп не би можел да ги отплати, банката сака да се повлече од зделката со Трамп во променетите политички околности по претседателските избори што ги доби противникот Џо Бајден.

Претходно беше познато дека Deutsche bank ги преиспитува своите односи со Трамп, се наведува во написот на Ројтерс.

Врските на Доналд Трамп со Deutsche bank “траат подолго од кој било негов брак и се кријат во голема тајност“, забележува извештајот на Фајненшл тајмс за нивната врска.

Од 1998 година, банката му позајмила најмалку две милијарди долари на Трамп, изјави висок службеник на банка за Ројтерс.

Фото: Facebook