Deutsche Bank укинува 18.000 работни места

73

Deutsche Bank соопшти дека дополнително ќе ги намали трошоците со цел да се врати на патеките на профитабилност во 2022 година и исто така го потврди претходно најавениот план за прекинување на 18.000 работни места.

Банката е среде голема внатрешна реорганизација под раководство на извршниот директор Кристијан Зевинг и ќе го намали бројот на вработени за 18.000, а ќе излезе од сопственичкиот удел во некои компании, пренесува Ројтерс.

Целта на германскиот заемодавач е да ја врати профитабилноста по пет последователни години загуби, чиј вкупен износ достигна повеќе од 15 милијарди евра.

Во соопштението на банката се вели дека ќе ги намали трошоците на 16,7 милијарди евра до 2022 година, наместо 17 милијарди што првично ги планираше. Разгледува и опции за заштеда во деловниот простор и патувањата во услови на криза.

Фото: Pixabay