Џекпот за инвеститори: Купувањето на овие акции би можело да биде “кражба на векот“

131

Меѓу најголемите губитници на коронавирусот се индустријата за туризам и транспорт. Иако ситуацијата делумно се подобри во текот на летните месеци, пристигнувањето на есента и зимата и многу споменуваниот втор бран на короната носи нови големи грижи за сите во овие индустрии. Во страв од потенцијална инфекција, луѓето ќе патуваат помалку, што секако не е добра вест за превозниците и хотелите, како и за другите индустрии поврзани со нив.

Една од компаниите погодена од пандемијата беше Airbnb , која се подготвуваше да излезе на берза пред појавувањето на вирусот САРС-КоВ-2, но голем пад на прометот и бројните откажувања ја забавија во оваа намера. Сепак, и покрај предизвикувачката состојба и бројните непознати што се пред нив во пресрет на есента, Airbnb сепак планира да излезе на берза, иако сè уште не се знае кога ќе биде и колку ќе се проценува вредноста на компанијата.

Додека некои се прашуваа зошто Airbnb се брза и зошто не чекаат побезбедно време за патување, некои аналитичари сметаат дека компанијата може да биде џекпот за инвеститорите. Благодарение на Ковид-19, Airbnb сега е најбезбеден начин за патување, така што оваа иницијална јавна понуда (Initial public offeringIPO) би можело да заврши како “кражба на векот“, според Џим Крамер, финансиски експерт и водител на ТВ-шоуто Mad Money.

Тој верува дека во наредниот период многумина ќе избегнуваат хотели бидејќи во нив гостите ги делат истите простории со странци како лифтови, базени, спортски сали и ресторани, така што опасноста од ширење на вирусот е поголема во однос на приватното сместување. Поради сите проблеми, хотелските синџири повеќе не нудат таков отпор кон Airbnb како порано затоа што тие се премногу зафатени со барање државна помош за да се спасат и ја преживеат пандемијата,  ги пренесува Busines Insider зборовите на Џим Крамер, кој вели дека сега Airbnb го има целиот пазар само за себе, а цената на акциите на компанијата може само да порасне.

Дополнителен плус за Airbnb би можел да биде моменталната економска состојба – луѓето кои ги изгубиле своите работни места поради пандемијата или платите им се намалени, веројатно ќе се свртат кон таа платформа преку која ќе изнајмат соби или куќи со цел да заработат дополнителни пари. Крамер споменува проблеми со американската економија, но јасно е дека истите проблеми го измачуваат целиот свет, така што луѓето ширум светот би можеле да започнат со изнајмување простор што не би го изнајмиле.

Фото: Freepik