ДХЛ Експрес Македонија го одбележа Глобалниот волонтерски ден со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

53

Како дел од глобалните ДХЛ иницијативи Помагање во едукација и Да се помогне, во саботата, компанијата ДХЛ Експрес Македонија заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија го одбележаа Глобалниот Волонтерски Ден.

Четириесет и пет вработени од ДХЛ Експрес Македонија, заедно со нивните гости, поминаа еден незаборавен ден исполнет со различни активности прославувајќи ги притоа и успесите на нашите олимпијци на овогодинешните Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа во Антверпен, Белгија.

За време на дневната посета во просториите во ДХЛ Експрес Македонија, вработените од компанијата ги запознаа членовите од Специјалната Олимпијада со процесите на работење во ДХЛ Експрес, отворено се дискутираше за работните процеси и дневните предизвици, давајќи на тој начин мал придонес во нивната инклузија и интеграција во околината како лица со посебни потреби.

ДХЛ Експрес Македонија е дел од групацијата Deutsche Post DHL, лидер на пазарот во експресниот транспорт и логистиката, истовремено и општествено одговорна компанија, која со своја донација им помогна на сите атлети и целокупната делегација на Специјалната Олимпијада Македонија да отпатуваат на Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада, кои се одржаа од 9 до 21 септември 2014 во Антверпен, Белгија. Нашите атлети на овој настан достоинствено се натпреваруваа и се вратија со 4 бронзени медали и тоа: Ајбази Себаат во атлетика 200 метри, Христијан Тутурески во атлетика 100 метри, Живко Стојанов во пинг понг и Александар Цветковски во бадминтон.

Сето ова е дел од глобалната кампања на DP DHL, да се помогне и делува во локалната заедница и воедно да се подигне пасијата за волонтеризам меѓу вработените. Помагањето е важен дел од корпоративната култура на DP DHL и вработените се охрабруваат да ја следат програмата низ трите иницијативи за корпоративна одговорност: Go Green (Заштита на околината), Go Teach (Помагање во едукација), Go Help (Да се помогне).