Дигиталната трансформација станува реалност благодарение на Dell

38

itd-1

Dell Emc е глобален еднодневен форум којшто компјутерскиот бренд Dell го организира низ целиот свет. Глобалната организација на овој форум опфати 70 земји, а оваа година за прв пат во нив е вклучена и Македонија. Првиот Dell Emc форум кај нас се случи вчера (03.10.2017г.) во хотел Мериот Скопје во соработка со локални партнери и спонзори на Dell, стои во соопштението.

На форумот претставниците од Dell ги претставија најновите пронајдоци и иновации на компанијата, нови платформи, клауд системи и технологии што се доказ дека веќе живееме во ера на дигитална трансформација и виртуелна реалност. Форумот овозможи и поврзување на професионалците од сите бизнис сегменти со трендовите и динамиките на информатиката и пренесе сознанија за изнаоѓање на начини за следење на курсот на следните развојни трендови на ИКТ индустријата.

ИТД Дистрибуција, којашто е увозник и дистрибутер на Dell за Македонија беше дел од овој форум. На корисниците и вљубениците во напредната технологија и компјутери ИТД Дистрибуција им овозможи пристап до најсовремените модели на компјутери, најава за нови конфигурации и иновации во компјутерскиот сегмент и можност за вмрежување на своите клиенти и партнери во функција на модернизирање на бизнисот и работењето.

ИТД Дистрибуција е компанија основана во 2007 година и во моментов е водечка компанија за дистрибуција на ИТ опрема на македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција е овластен дистрибутер за Dell за пазарот во Македонија, Албанија и Косово.