Директна авио линија Скопје – Рим

26

alitaliaИталијанската авиокомпанија Alitalia од вторник ќе сообраќа на директна линија Скопје-Рим. Првиот авион од Рим се очекува да пристигне во вторник попладне на аеродромот Александар Велики.

Новите летови ќе бидат секојдневни и ќе се одвиваат со авионите Ембраер Е-175, во две класи: Ottima – бизнис класата на Alitalia за меѓународни летови и Classica – економска класа.

Распоредот на летање е направен со цел да ги задоволи потребите од деловни патувања на релација Италија – Македонија, потребите на Македонците кои живеат во Италија, како и за поврзување на Македонија со светот преку останатата интерконтинентална и интернационална мрежа на Alitalia, преку аеродромот Фјумичино, соопшти компанијата.

Во текот на месец мај, Alitalia ќе започне со работа на редуциран распоред со 30 повратни летови во текот на месецот Рим – Скопје – Рим, додека во јуни со целосен распоред на секојдневно летање.

Летот од Скопје до италијанската престолнина трае околу два часа.

Генерален агент за територијата на Македонија кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети е VAS Тур Оператор од Скопје.