Директор за пример, одел на работа секој ден дури и откако почна ковид кризата

121

Генералниот директор на компанијата Nestle, Марк Шнајдер, интервју за магазинот Fortune, открива дека од првиот ден по прогласување на пандемијата тој бил на работа.

Една од причините поради која Шнајдер и во услови на карантин одел на работа е тоа што сакал да им докаже на вработените дека окружувањето во коешто работат е безбедно.

“Во март посетив некои од фабриките на Nestle во Швајцарија. Поминав таму некое време за да увидам како е најдобро да се работи, но и да им објаснам и на работниците, кои се првата линија во одбрана од коронавирусот, дека ако сме ги увериле дека тоа е безбедно место, тогаш и јас ќе бидам таму со нив“, вели Шнајдер.

Компанијата, на чие чело е Шнајдер, не го затвори седиштето и во време на пандемијата, па не ни користела помош од властите.

Шнајдер секое утро уредно доаѓал на работа и ги почитувал сите безбедносни процедури.

Онаму каде што биле принудени да ги затворат фабриките, поради рестриктивните мерки, компанијата на вработените им плаќала отсуство.

Фото: Nestle.com