Директорот на British Airways бара тестирање на патници за коронавирус пред летот

28

Новиот генерален директор на авиокомпанијата British Airways, Шон Дојл се залага да се прават тестови за коронавирус на патниците пред летот, проценувајќи дека тоа ќе помогне во надминување на кризата.

“Не веруваме дека карантинот е решение. Сметаме дека најдобриот начин е да се воведе сигурен и достапен тест пред полетувањето“, рече Дојл.

Секторот се спротивставува на мерката изолација од британската влада, според која патниците кои доаѓаат од некои земји, како што се Франција и Шпанија, треба да имаат двонеделен карантин.

“Дури и карантинот да се намали на една недела, луѓето нема да доаѓаат во Велика Британија и земјата ќе заостанува,“ вели Дојл.

Фото: Pixabay