Disney отпушта 32.000 вработени

35

Компанијата Walt Disney вчера објави дека ќе отпушти 32.000 работници во првата половина на 2021 година.

Компанијата претходно во септември објави дека наскоро може да има 28.000 отпуштања на вработени поради намалениот број посетители при пандемијата.

Тематските паркови на Disney во Флорида и оние надвор од САД, повторно се отворени, но со воведени строги мерки на физичко растојание, често тестирање на вработените и задолжително носење заштитни маски. Така, во овие комплекси не е забележано некое поголемо жариште на вирусот.

Дизниленд во Париз е затворен бидејќи Франција воведе карантин на национално ниво кон крајот на минатиот месец. Тематските паркови во Шангај, Хонг Конг и Токио сѐ уште се отворени.

Фото: Pixabay