Дивиденда за акционерите на Македонски Телеком

75

telekom-logo-580x347

Македонски Телеком со предлог одлука за распоредување на нето добивката на компанијата за 2016 година.

Собранието на компанијата ја распоредува нето добивката во износ од 1.251.598.222 денари за исплата на бруто дивиденда во којашто се вклучени сите даноци, доколку е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата.

Бруто износот на дивиденда по акција, според предлог одлуката за исплата на дивиденда за 2016 година, е 14,51 денари. Датум на пресек на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2016 година е 12.05.2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година е 09.05.2017 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2016 година е 10.05.2017 година.

Исплатата на дивиденда за 2016 година ќе се изврши до 30-ти септември.