Дивиденда за акционерите на ТТК Банка

56

ТТК Банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на банката за 2018 година. Исто така, донесена е и предлог одлука за покривање на загубата со први јануари 2018 година.

“Нераспределената добивка на ТТК Банка, по годишна сметка за 2018 година, во износ од 101.276.437 денари, се распределува на: дел за резерви 5.948.197 денари и дивиденда за обични акции во бруто износ од 95.328.240 денари“, стои во предлог одлуката, објавена на Македонска берза.

Средствата наменети за дел од плата и награди на членовите на Надзорниот одбор, менаџментот и вработените по основ на деловна успешност, кои во годишната сметка за 2018 година, се вкалкулирани како трошок во износ од 9.334.669 денари, се распоредуваат: дел за награди на членовите на Надзорниот одбор што се исплатува и дел за плата по основ на деловна успешност на менаџментот и вработените.

Според предлог одлуката за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2018 година. Висината на бруто дивиденда по акција изнесува 105 денари, односно 10,50% од номиналната вредност на акциите што изнесува 1.000 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 17.04.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 година е 18.04.2019 година. Исплатата на дивиденда за минатата година ќе започне на втори мај.

Според предлог одлуката за покривање на загубата, искажаната загуба во износ од 3.891.809 денари, се покрива од средствата на акумулираната добивка на банката.