Добивка од 257.000 денари за Карбо Нова од Крива Паланка

25

karbo nova

Компанијата Карбо Нова од Крива Паланка прикажа добивка од 257.000 денари, стои во билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Претходната 2013 година, компанијата ја заокружи со добивка од 6.944.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година се на ниво од 16.751.000 денари, додека во 2013 година тие беа во висина од 19.548.000 денари.