Добивка од 41,9 милиони денари за Дебарски бањи Цапа во 2018 година

26

Дебарски бањи Цапа, во периодот јануари – декември 2018 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 41.916.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата, една година претходно, изнесуваше 36.509.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесува 187.971.000 денари, додека на крајот на декември 2017 година, имаа вредност од 174.669.000 денари.