Добивка од два милиони денари за Раде Кончар апаратна техника

35

rade-koncar-aparatna-tehnikaАкционерското друштво Раде Кончар апаратна техника во текот на минатата година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.080.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка од 1.312.000 денари.

Вкупните приходи од продажба се на ниво од 4.120.000 денари, додека истиот период во 2014 година, тие имаа вредност од 3.760.000 денари.

Компанијата ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постројки, како и сервис и поправка на електрични производи.