Добивката им падна за 44%, но сè уште се најпрофитабилна компанија

84

Нафтениот гигант Saudi Aramco објави пад на профитот за 44% за 2020 година, но исплатата на дивидендата ја задржа на 75 милијарди долари.

Извршниот директор Амин Насер ги опиша последните 12 месеци како една од “најпредизвикувачките години“ во поновата историја.

Saudi Aramco, моќната државна нафтена компанија на Саудиска Арабија, објави профит од 49 милијарди долари во 2020 година, во споредба со 88,19 милијарди долари во 2019 година.

Од Aramco соопштија дека на приходите влијаат пониските цени на суровата нафта и количините на продадени производи.

Фото: Freepik