Добивката на Дебарски бањи Цапа останува како задолжителна резерва

19

debarski banji capa

Дебарски бањи Цапа донесе одлука за распоредување на добивката за 2014 година. Според одлуката, нето добивката на компанијата во висина од 13.049.750 денари се распоредува за задолжителна општа резерва.

Дебарски бањи Цапа лани евидентираше приходи од работење во висина од 134.176.716 денари, додека на расходната страна има 108.659.785 денари. Добивката од редовно работење е на ниво од 14.485.338 денари, додека нето износот е 13.049.750 денари.