Добивката на Фершпед во првиот квартал достигна 1,2 милиони денари

30

fersped-1

Фершпед во првиот квартал од 2017 година прикажа добивка од 1.247.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката во анализираниот период изнесува 1.247.000 денари, што претставува пад во однос на нето добивката во однос на истиот период од 2016 година“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба на Фершпед, заклучно со 31- ви март 2017 година, изнесуваа 699.235.000 денари. Од овој износ, на домашен пазар отпаѓаат 640.605.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 58.630.000 денари.

Фершпед АД Скопје е друштво за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта. Услугите на компанијата од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Освен со шпедиција како основна дејност, компанијата се занимава и со меѓународна трговија, брокерство, банкарство, хотелиерство, винарство и игри на среќа преку купување акции во тие дејности од стопанството.