Добивката на Saudi Aramco повисока за 30% во првиот квартал

42

Нафтениот гигант, Saudi Aramco објави дека во првиот квартал од оваа година оствари раст на нето добивката од 30%, што е знак за континуираното закрепнување од ланскиот пад на нафтениот пазар, кога годишната заработка на компанијата беше преполовена.

Нето добивката на Aramco се зголеми на 21,7 милијарди долари во првите три месеци од оваа година, што е близу нивото од првиот квартал во 2019 година, кога беше 22,2 милијарди долари, пренесува CNBC.

Саудискиот производител на нафта наведе дека го задржа износот од 18,8 милијарди долари, што е планиран за дивиденда, којашто ќе биде исплатена во вториот квартал.

Фото: Freepik