Добрата епидемиолошка слика ги враќа туристите во Хрватска

39

Добрата епидемиолошка слика ги враќа туристите во Хрватска. Во земјата има околу 22.000 туристи, од кои половина се домашни, а другите странски гости – најмногу од Словенија и Германија, пишува хрватски Дневник.

“Моравме на сите граници да ги покажеме нашите резервации, пасоши и телефонски броеви“, вели турист од Германија.

Таквата процедура значи и неколку минути повеќе чекање на граничните премини.

“Тука се чувствувам посигурно одошто во Германија, бидејќи Истра веќе три недели е без ниту еден случај на коронавирус, додека во Германија има многу повеќе“, вели друг турист од Германија.

Според тамошните туристички работници, задржани се околу 90% од резервациите во смисла на префрлање на резервации за подоцна ова лето, но и за следното или преку ваучери што гостите ги употребуваат за резервација во истите туристички објекти.

Фото: Freepik