Доделен автомобилот од наградната игра на Лукоил Македонија

79

Претпразничното расположение за Саит Аљи од Скопје започна со едно неверојатно изненадување приредено од Лукоил Македонија.

“Кој би очекувал дека полнењето гориво може да ти донесе еден ваков автомобил. Би сакал да упатам огромна благодарност за укажаната можност да бидам сопственик на овој убавец, се надевам не чекаат многу возбудливи патувања и удобно возење”, вели добитникот на главната награда од последната наградна игра на Лукоил Македонија Полни гориво на Лукоил и добиј Сеат Леон.

“Ова е најубавиот дел од мојата работа. Наградните игри кај нас се редовна пракса, бидејќи сметаме дека полнењето гориво не е само рутинска должност кога патуваме, туку тоа е можност нашите ценети корисници да добијат нешто повеќе. На среќниот добитник му посакуваме многу опуштени и возбудливи поминати километри и му ветуваме беспрекорна поддршка низ патиштата во Македонија”, изјави Андреј Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

На доделувањето на Сеат Лeон честитки на добитникот му упати и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Александрович Баздникин. “Tрадиционално, на прагот на празниците, Лукоил Македонија и годинава се погрижи да ги дарува своите клиенти. Па така, на оваа свечена церемонија на Саит Аљи од Скопје, наш лојален потрошувач на гориво, му честитаме и му посакуваме уште многу среќа во годината која следува. Изминатата година за компанијата која успешно работи на македонскиот пазар веќе 13 години беше полна со предизвици со кои успешно се соочија вработените во компанијата, а резултатите од оваа работа не само што ја направија Групацијата Лукоил успешна на глобално ниво, туку и по 13-ти пат Лукоил Македонија го потврди статусот на многу успешен бизнис за македонската економија. Речиси 100 илјади тони нафтени продукти беа продадени преку бензинските пумпи Лукоил Македонија и големопродажба. Три бензински пумпи беа отворени во 2018 година: во Трубарево, Битола и Гевгелија, а бензинските станици Првомајска и Аеродром беа целосно реконструирани“, изјави Баздникин.

Наградната игра којашто започна на први октомври официјално заврши на 14 декември 2018 година, а правилата за учество беа едноставни, односно со секое полнење на гориво во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на Лукоил во нашата држава, и со испраќање на бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, корисниците стануваа потенцијални добитници на една од многуте вредни награди. Извлекувањата на добитниците се вршеа на секои две недели.

Саит Аљи беше извлечен за главната награда новиот автомобил Сеат Леон 1.6 TDI 90 KC, а покрај главната награда верните потрошувачи беа наградени и со таблети Samsung, масла Лукоил Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1000 денари.

Добитниците од сите извлекувањата кои се вршеа во пет кола, можете да ги најдете на веб страниците www.lukoil.com.mk и на микросајтот на наградната игра- www.lukoiltenagraduva.mk.