Договор од 305 милиони евра за инфраструктурни проекти со ЕБОР

13

Договор со Европската банка за финансирање на изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка и на експресни патишта и автопат со Програмата за национални патишта, проекти со вкупна вредност од 305 милиони евра, беше потпишан денеска во Скопје.

Со задолжување од 145 милиони евра треба да се се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.

Со Договорот за заем од ЕБОР за финансирање на Програмата за национални патишта се обезбедуваат 160 милиони евра. Реализацијата на Програмата ќе се одвива преку две транши, во износ од 74 милиони евра и од 86 милиони евра. Првата транша треба да овозможи изградба на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, реконструкција на патниот правец Штип – Кочани на ниво на експресен пат, а втората транша за изградба на експресен пат Охрид – Пештани и автопат Струга  – Требеништа.