Договорените градежни работи во странство лани намалени за над 31%

26

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во текот на минатата година, изнесува 211.913.000 денари, што е за 31,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162.755.000 денари, што е за 42,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Фото: Pexels