Дом за стари лица користи виртуелна реалност за исполнет живот на станарите

21

vr

Фото: YouTube

Дом за стари лица од Конектикат користи технологија за виртуелна реалност со цел на своите клиенти да им обезбеди исполнет живот, пишува Mashable.

Станарите на Маплевуд може да го користат уредот за истражување на светот, а не бара физички напор. На тој начин на станарите кои имаат ограничена способност на движење им се овозможува да посетат светски знаменитости, местото каде живееле, но и да оживеат спомени што е од голема важност за оние кои имаат деменција.

Користењето на виртуелна реалност е посебен вид на терапија со што корисниците гледаат фотографии и снимки од минатото и може да им врати сеќавања.