Донација од Благој Ѓорев по повод Светскиот ден за борба против гладта

23

IMG_2370

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес ќе донира производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна.

“Во оваа хуманитарна акција ќе се вклучат и вработените на Благој Ѓорев давајќи значаен придонес во напорите за создавање на подобар свет. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека  барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна“, изјави изјави генералниот директорот на Благој Ѓорев, Горан Лазов.

Според податоците на Државниот завод за статистика процентот на сиромашни во земјава изнесува над 30%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства со пет или повеќе членови.

Оваа донација е само една од активностите кои ги презема Благој Ѓорев и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории на луѓе. Благој Ѓорев минатата година го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.