Донаторска акција за набавка на кислородни концентратори за кумановската болница

58

Компанијата Медикус Хелп и Центарот за развој на претприемачи и менаџер – ЦЕЕД Македонија, организираат донаторска акција за набавка на кислородни концентратори за Општата болница во Куманово.

Вкупниот износ на трите концентратори изнесува 120.000 денари. Медикус Хелп е дел од ова донаторска акција и во случај да се соберат поголем дел од потребните парични средства, ќе се донираат концентратори во други болници во земјата, кои имаат потреба од истиот.

Средствата може да се донираат преку жиро сметката на Медикус Хелп ДООЕЛ Скопје бр. 300000001602573 (депонент Комерцијална банка ад Скопје) со назнака Донација на концентратори за ЈЗУ ОБ Куманово, шифра 562 (уплати за донации).

Фото: Freepik