Јужнокорејска иноватовна компанија Dot направи прв паметен часовник со Брајова азбука за лицата со оштетен вид. Во светот има околу 285 милиони лица со слаб вид и се очекува дека овој уред ќе го олесни животот на многумина од нив. Часовникот се поврзува со паметен телефон преку Bluetooth. Корисникот со овој паметен часовник ќе може да прифати повици и брзо да врати. Часовникот, исто така, ќе го информира од кого е дојдовниот повик, а ќе помогне и во навигација, покажувајќи го патот до одредено место, пишува International Business Times.
Ерик Ју Јоон Ким, основач и извршен директор на Dot, вели дека 100.000 часовници ќе бидат достапни од март годинава, по цена од 290 долари.
Повеќето уреди за лица со оштетен вид користат звук, а тоа на корисниците им создава проблеми, бидејќи мораат да слушалки и тогаш не ги слушаат звуците во околината што се клучни за нивно движење и снаоѓање во просторот.