Драстичен пад на биткоинот

69

Најпопуларната криптовалута денеска падна под 50.000 американски долари. Ова е најниската вредност на биткоинот во последните 48 дена.

Цените во моментов се движат околу 49.200 долари, што претставува пад од 8% или загуба од околу 4.300 долари во претходните 24 часа, според CoinDesk.

Најпопуларната крипто-паричка на 14 април се движеше кон рекорд од 65.000 долари, поточно вредеше 64.600 долари.

И другите валути од тој вид нагло паднаа утрово, бришејќи над 260 милијарди долари од вредноста на пазарот на крипто валути.