Драстичен пад на туристи во Шпанија

80

Бројот на странски туристи во Шпанија во текот на февруари е намален за 93,6% во однос на истиот период лани.

Меѓународниот туризам во Шпанија минатата година забележа пад од 80% на 19 милиони туристи, што е најниско ниво од 1969 година. Тој тренд продолжи и во првите два месеца од оваа година, покажуваат податоците од Националниот завод за статистика.

Претходно Шпанија од туризмот остварувала околу 10% до вредноста на бруто домашниот производ.

Иако поголемиот дел од туристите доаѓаат од Франција, сепак бројот на туристи од оваа земја е намалена за 87,4% во однос на февруари 2020 година, последниот месец пред пандемијата.

Фото: Pexels