Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

30

По осум години преговори, 15 земји во Азиско-пацифичкиот регион на виртуелен состанок во Ханој потпишаа договор за светска трговија од големи размери – најголем во светот по бруто домашен производ на земјите учеснички во него.

Регионалниот сеопфатен економски договор предвидува создавање огромна зона за слободна трговија меѓу десетте земји на АСЕАН, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Земјите од договорот имаат 30% од светскиот БДП и население од 2,2 милијарди.

Идејата за пактот датира од 2012 година и се смета за одговор на Кина на слична иницијатива на САД, што потоа беше отфрлена.

Фото: Pixabay