Дубаи нуди виза за дигитални номади

45

Од Барбадос до Естонија, голем број дестинации низ целиот свет создадоа визни програми за привлекување на дигитални номади за време на пандемијата. Дубаи во Обединетите Арапски Емирати е последната што објави таква програма. 

Visit Dubai претставува едногодишна програма за работа на далечина со која странците и нивните семејства ќе може да останат во градот најмногу една година додека работат за странски компании.

За да аплицираат за оваа виза, работниците мора да заработуваат најмалку 5.000 долари месечно. Потребно е да се има и здравствено осигурување што е валидно во Обединетите Арапски Емирати.

Визата овозможува право на отворање сметка во локална банка, добивање телефонски број и пристап до интернет. Работниците што ќе престојуваат во Дубаи ќе добијат право нивните деца да ги запишат на училиште во градот. Работниците нема да плаќаат данок на доход во Дубаи.

Дубаи ги отвори границите за странските туристи на седми јули, но секој турист мора да покаже негативен тест за Ковид-19, да има здравствено осигурување, да потпише дека ќе ги плати сите трошоци за карантин доколку заболи од Ковид-19 и во зависност од земјата, да направи втор тест по слетувањето.

Фото: Pixabay