Дурекс 69 – Не лути се човеку во акција на плажа во Охрид

21

Игра, забава, едукацијата и награди, така изгледаше викендот за посетителите на охридската плажа Куба Либре. Како дел од едукативната промоција на Дурекс друштва млади луѓе на плажата, имаа можност играјќи ја играта Дурекс 69 – Не лути се човеку, да се натпреваруваат за интересни награди.

Истовремено, Дурекс девојките ги едуцираа младите, им даваа корисни информации и им одговараа на сите прашања поврзани со правилната заштита при сексуалниот однос. Победниците беа наградувани со летни реквизити а сите учесници во играта Дурекс 69 – Не лути се човеку за да нема лутење добија презервативи од најпопуларниот светски бренд.

Дурекс за следниот викенд повторно најавува нови изненадувања за младите во Охрид.