Двособни станови – меѓу најатрактивните за градење

55

Во јануари оваа година, според бројот на издадени одобренија за градење, предвидена е изградба на вкупно 182 стана со вкупна корисна површина од 17.325 метри квадратни.

Од тие 182 стана, најголемиот дел или 84 се станови со две соби, по што следат четирисобните станови (42), трисобните (32) и петсобните (14)…, а само еден со осум и повеќе соби.

Во скопскиот регион, во јануари се предвидува изградба на 40 станови со вкупна корисна површина од 3.217 метри квадратни. Од нив најмногу ќе бидат двособни (23), а 22 од нив се позиционирани во Центар.

Податоците на Државниот завод за статистика за јануари покажуваат дека се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24,6% помалку во однос на јануари 2019 година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.016.567.000 денари, што е за 40,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 105 (52,8%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (19,1%) за објекти од нискоградба и 56 (28,1%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 199 објекти, на 90 (45,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 109 (54,8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Фото: Pexels