ДЗС: БДП со реална стапка на раст од 3,5% во 2014

13

Бруто домашниот производ во 2014 година изнесува 525.620.000.000 денари и во однос на претходната 2013 година номинално е зголемен за 4,7%, додека реалната стапка на раст е 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2014 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 18,7%.

Финалната потрошувачка во 2014 година, во однос на 2013 година, номинално расте за 1,9%, а во структурата на БДП учествува со 86,8%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2014 година изнесува 47,8%.