Фото: Pixabay
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е зголемен за 1,2% во споредба со истиот период лани.
Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6%; А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,0% и Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1,1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4,9%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,8%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11,0%.