ДЗС: Невработеност од 24,5% во првото тримесечје

19

Невработеноста во Македонија, во првото тримесечје од годината, достигна 24,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, активното население во Македонија брои 945.821 лица од кои вработени се 714.435, а 231.386 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,4%, додека стапката на вработеност изнесува 42,6%.