Easy come, easy go: Зошто треба да се биде претпазлив со биткоинот

101

Водечката крипто валута, биткоинот, вчера одеднаш изгуби 15% од својата вредност и падна на скоро 28.000 долари. Ова накратко може да се опише како easy come, easy go (лесно доаѓа – лесно оди).

Сепак, тоа што биткоинот порасна толку многу, некои аналитичари го оценуваат како знак за тоа што може да се случи во 2021 година на светските берзи.

Пред само неколку недели, Wall Street гледаше со стравопочит како крипто валутата која ја проби границата од 20.000 долари. Викендов скокна над 30.000 долари за прв пат. Крипто валутата е нестабилна и останува загриженоста дека падот може да биде неминовен, а тоа и се случи.

Инаку, вредноста на биткоинот во 2020 година скокна за 300%, а само во претходниот месец неговата вредност се зголеми за 50%.

Дигиталната валута особено го привлече вниманието на големите американски инвеститори, кои го препознаа потенцијалот за брза заработка. На растот на вредноста на биткоинот влијае и очекувањето дека оваа криптовалута ќе стане едно од вообичаените средства за плаќање.

Фото: Freepik