ЕБОР предвидува раст од 1,8% на македонската економија

23

european-bankСпоред најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој, македонската економија годинава ќе има раст за 1,8%.

Извештајот предвидува раст на БДП за 2013 година во Хрватска и Црна Гора 0,8%, Бугарија 1,9%, Албанија 2%, Србија 2,1, Косово 3%. Прогнозата за целиот регион е дека економијата ќе има раст од 1,5%, а растот за европската економија е 1,2%.

Понатаму, во извештајот се вели дека Македонија во 2012 година беше под значајно влијание на кризата во еврозоната која резултираше со намалена побарувачка за извоз и доведе до пад на инвестициите и дознаките од странство. Заклучокот на ЕБОР е дека е можен умерен напредок или раст во 2013.