ecoBirdy претвора стари, пластични играчки во мебел

39

table-mix-600x600

Фото: ecoBirdy

Дизајнерите од студиото ecoBirdy, со седиште во Антверпер, Белгија изработија мебел од стари и неискористени пластични играчки, пишува Dezeen.

Изработените столчиња, масички, ламби и садови за складирање ги има во разни бои и истите можат повторно да се рециклираат. За да дојдат до финалниот производ дизајнерите две години истражувале како се рециклира овој вид на пластичен отпад.

chair-red-600x600-1

Целиот процес започнува со собирање на играчките, нивно сортирање, по што доаѓа чистење и мелење. Откако ќе се одвојат различните бои, малите парчиња или “снегулки“ се трансформираат во мазен, лесен и издржлив мебел скроен според потребите на децата.